Родителите на починатите деца од Кочани испратиле претставка до Собранието; Апасиев: Арам да им е на ДПМНЕ ако повторно избегаат

од Milan1
151 прегледи

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар АПСИЕВ, денеска на ТВ 24 откри дека во Собранието, односно до него како Претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пристигнала претставка од здружението на родителите на починатите деца од Кочани „16-ти Март 2025“.

„Власта не сака да се спомене Кочани бидејќи тоа е рак рана, тоа е сликата на системот кој убива, на корумпираниот систем, кој што е создаден во изминативе три децении и мислам дека таа дамка ВМРО ќе си ја носи цел живот, дури има шпекулации дека ќе пробаат преку предвремени парламентарни избори таа дамка да ја отклонат“, истакна Апасиев

Апасиев најави дека како Претседател на единствената уставно предвидена комисија и единствена која прима претставки од граѓани, Претставката ќе ја достави до членовите, ќе ја стави на дневен ред и ќе закаже седница на која, како што реле „надежно, конечно ќе се дебатира“.

Воедно, Апасиев предупреди дека ќе биде срамно и крајно нечовечки ако повторно се избегне соочувањето со вистината, како што досега пратениците од власта ги саботираат напорите за надзорна расправа. „Арам да им е ако пак го направат тоа“, порача Апасиев, нагласувајќи дека Собранието е местото каде мора да се зборува за Кочани и да се утврди одговорност..

Слични содржини