Одлуката Фондот ја донел на 6 февруари, три дена пред да почине девојчето. На неа се потпишани двајцата директори Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази, објави телевизија Телма.
На неколку прес конференции одржани по смртта на малата Тамара преставници на Фондот убедуваа дека одлуката е веќе донесена но само усмено.
Тамара не ја дочека оперцијата за која доби одобрување и која ќе и го спасеше животот. Низ лавиринтите на институциите нејзините родители три години се обидуваа да добијат одобрување за извршување на операцијата во Турција.
