Самитот на Владимир Путин и Џо Бајден во Женева за кратко остана во сенка на роднина на Осама бин Ладен, која вчера создаде хаос на езерото во Женева.
Нур Бин Ладен, роднина на поранешниот водач на Ал Каеда, беше снимена во Женева во средата, како стои во брод и држи транспарент на кој пишува: „Трамп победи“.
Today in WTF: Noor bin Laden, Osama bin Laden's niece, protests the Biden-Putin summit in Geneva with a "Trump Won" flag. pic.twitter.com/pwVW0rsh8A
— The Recount (@therecount) June 16, 2021
Снимките и фотографиите од протестот против самитот покажуваат дека покрај Нур имаше уште еден чамец во кој луѓето држеа слични пароли.
Нур на социјалните мрежи изјави дека швајцарската полиција се заканила дека „ќе ја уапси поради нејзините политички убедувања“.
Таа вели дека биле испратени два полициски и еден воен чамец да ја отстранат од водата.
Нур Бин Ладен е позната како обожавател на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и одби да ја прифати победата на Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година.