Рогозин: ЕУ да ја купи и испие целата руска вотка

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Генералниот директор на руската државна корпорација Роскосмос, Дмитриј Рогозин, им предложи на земјите од Европската унија да ја купат и испијат целата руска вотка, за Русија повеќе да не може да заработува од неа на другите пазари.

Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ мора да купува нафта од Русија, бидејќи во спротивно Москва ќе ја пренасочи на други пазари, а рускиот претседател Владимир Путин „ќе заработи уште повеќе пари“, пренесе порталот Спутник.

„Следниот чекор на оваа мудра бриселска утка ќе биде предлог да се испие целата руска вотка, за рускиот претседател Владимир Путин да не може да заработи уште повеќе од неа“, прокоментира Рогозин на платформата „Телеграм“.

Слични содржини