Директорот на руската државна вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, денеска реагираше на веста дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров нема да може да пристигне на планираната посета на Србија, бидејќи соседните земји одбиле да му дозволат да прелета над нивна територија.
Тој на Твитер напиша порака која предизвика голема бура во јавноста, но и сомнеж за можноста од ескалација на војната.
-Дали тоа е она за што е добар „Сармат“? Нема да бара согласност да лета од кукавичките Бугари, одмаздољубивите Романци и Црногорци кои ја предале нашата заедничка историја, како и другите, Швеѓаните“, напиша Рогозин, кој често се заканува со употреба на нуклеарно оружје.
Сармат е, инаку, најсмртоносната руска ракета, која во светот е позната и како Сатана.
Вот чем хорош "Сармат"? Он у трусливых болгар, злопамятных румын и предавших нашу общую историю черногорцев согласие на пролёт спрашивать не будет. Равно как и у прочих шведов.
— РОГОЗИН (@Rogozin) June 5, 2022