Ројтерс: Бајден се откажува од зголемувањето на данокот на доход

од Nikola Popovski
201 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден понуди да го повлече својот предлог за зголемување на даноците на доход за време на преговорите со републиканците за инфраструктурниот пакет, изјавија двајца извори запознаени со преговорите за Ројтерс

Според британската агенција, тоа би било голема отстапка на демократскиот претседател во обидот да се постигне договор и да се добие поддршка од републиканците за финансиските средства предвидени со инфраструктурниот пакет.

Бајден понуди да се откаже од плановите за зголемување на даночните стапки на корпорациите на дури 28 проценти и да се постави минимална даночна стапка што компаниите треба да ја плаќаат наместо сегашните 15 проценти, тврдат извори на Ројтерс.

За возврат, републиканците ќе мора да се договорат за најмалку 1 билион долари за нови трошоци во инфраструктурата.

Бајден првично предложи инфраструктурен пакет кој би чинел 2,25 билиони долари.