Ројтерс: Фејсбук ќе дозволи објави во кои се повикува на смрт на Путин

од Nikola Popovski
205 прегледи

Фејсбук и Инстаграм ќе им овозможат на корисниците во некои земји да повикуваат на насилство врз Русите и руските војници само во контекст на рускиот напад врз Украина, објави Ројтерс по увидот на одредени внатрешни мејлови на платформата „Мета“, за која се вели дека е привремена промена во политиката на говор на омраза.

Мета (сопственик на Facebook, Instagram и Whatsapp), исто така, ќе дозволи во некои коментари да се повикува на смрт на Владимир Путин или Александар Лукашенко во земји како Русија, Украина и Полска, додаде британската новинска агенција.

Повиците за смртта на лидерите на двете земји ќе бидат дозволени само доколку не содржат повици до други цели или имаат два индикатора, како локација или метод, се наведува во едниот е-мејл, во неодамнешната промена во правилата на компанијата за насилство и поттикнување насилство.

Мета не одговори веднаш на барањата за коментар, а привремената промена на политиката се однесува на Летонија, Литванија, Естонија, Полска, Словачка, Унгарија, Романија, Русија и Украина, наведува Ројтерс.

Слични содржини