Ројтерс: И покрај санкциите, руската економија бележи силен раст

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Руската економија покажува силен раст во многу сектори, додека стапката на невработеност останува на рекордно ниско ниво, пренесува британската агенција Ројтерс, повикувајќи се на нова статистика.

Руското индустриско производство е зголемено за 3,3 отсто во однос на 2,7 отсто во јуни, а од почетокот на годината – за 4,8 отсто, во однос на растот од 3,1 отсто во истиот период во 2023 година.

Растот на рускиот БДП во првата половина од годината е 4,6 отсто наспроти 1,8 отсто во истиот период лани.

Новите податоци покажаа и дека во првата половина од годината реалните плати на Русите се зголемени за 9,4 отсто, а номиналните за 18,1 отсто во однос на истиот период во 2023 година. Невработеноста остана на историски ниско ниво од 1,9 милиони луѓе во јули, или 2,4 отсто од работната сила.

„Таквите податоци укажуваат на тоа дека руската економија се држи, и покрај западните економски санкции и проблемите со меѓународните плаќања“, заклучува Ројтерс и додава дека Русите ги имаат сите шанси да ја завршат годината со уште подобри резултати.

Слични содржини