Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Ројтерс“ се организира Глобален настан насловен „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24 и 25-ти Ноември.
На настанот ќе говорат и дебатираат водечките извршни директори на глобалните осигурителни групации како што се: AXA, Swiss Re, Generali, AIG, Zurich, Lloyd’s, Scor, Convex, RSA, Ageas. Исто така ќе заземат учество и регулатори, консутлантски организации и др.
На панелот насловен „Key Risk Considerations For Doing Business In Europe“, кој ќе се случува на 25-ти Ноември, модератор ќе биде Проф. Климе Попоски, член на Собранитето при Стопанската комора на Македонија.
Во неговиот панел како говорници ќе учествуваат:
• Мартин Мерлин, Director, Bank, Insurance and financial crime – Directorate General for Financial Stability, Financial Services & Capital Markets Union European Commission;
• Катја Плуто, Chief Risk Officer – „EMEA“, Цирих;
• Фридер Кнаплинг, Group Chief Risk Officer, „SCOR“
• Фабрис Бросарт, Chief Risk Officer International General Insurance, „AIG“;
Сите заинтересирани можат бесплатно да се регистрираат на следниот линк: https://reutersevents.com/events/insuranceeurope/