Францускиот претседател Емануел Макрон го отфрли барањето на Кремљ да го направи рускиот тест за Ковид-19 кога пристигна на состанокот со претседателот Владимир Путин оваа недела, поради што беше држен на дистанца од рускиот лидер, изјавиле за Ројтерс два извори од опкружувањето на Макрон.
Набљудувачите биле изненадени од фотографијата на Макрон и Путин на спротивните страни на масата долга четири метри за време на разговорите за Украина пред четири дена, пренесува „N1“.
Некои дипломати мислеле дека со ова Путин сака да испрати одредена дипломатска порака.
Сепак, извори информирани од здравствениот протокол на францускиот претседател велат дека Макрон имал избор да прифати ПЦР тест што би го направиле руските власти и да биде блиску до Путин, или да одбие и да биде задржан на физичка дистанца.
„Добро знаевме дека тоа значи дека нема ракување и дека масата ќе биде долга. Но, не можевме да прифатиме дека ќе добијат ДНК-та на нашиот претседател“, вели еден од изворите.
Другиот извор информирал дека Макрон направил француски ПЦР тест пред поаѓање и уште еден антигенски во Русија, со помош на неговиот личен лекар.
Портпаролот на Кремљ се уште не ја коментирал информацијата.