Рок легендата Мит Лоуф се онесвести за време на концерт

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Очевидец ја опиша случката како “застрашувачки гледтка”.

2111108492

Американскиот изведувач Мит Лоуф се онесвести на сцената за време на својот концерт во Канада.

Инцидентот се случи во градот Едмонтон, во четвртокот вечерта.

На аматерското видео се гледа како, исполнувајќи својот хит од 1993 година I’d Do Anything for Love (But I Will not Do That), 68-годишниот пејач го пушта микрофонот и паѓа во средината на сцената. Луѓе од тимот зад сцената, како и членови на групата, веднаш притрчале да му дадат помош.

“Не знаев дали ова се случува навистина. Сите музичари престанаа да свират веднаш “, коментира фан, кој присуствувал на настанот.

Друг опиша ја случката како “застрашувачка глетка”.


Екипа на итна помош веднаш се нашла на местото.

Денес претставник на ѕвездата објасни дека несвестица се должи на сериозна дехидрација. Мит Лоуф е примен во локалната болница за рутински преглед. Виталните индикатори се стабилни и се опоравува добро, се вели во пораката.

Познато е дека музичарот го одложи концертот во канадскиот град Калгари во вторникот поради проблеми со здравјето.

Пејачот од години страда од прекумерна тежина и иако во последно време ослабел, но тој често има проблеми со здравјето. Во 2013 година дури изјави за Ројтерс дека има намера да престане турнеите.

Токму тогаш Мит Лоуф го откажа концертот во Обединетото Кралство, а во 2007 година и целото европско турнеја поради различни здравствени причини, кои, според него, се должат на астмата и прекумерна тежина.