Рокот за плаќање на сметките за вода без камата истекува на 29 ноември

од Vladimir Zorba
223 прегледи

ЈП Водовод и Канализација – Скопје преку соопштене денска ја потсети јавноста и граѓаните на град Скопје, дека спроведувањето на одлуката донесена од Управниот одбор за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање што започна на 04.11.2019 (понеделник), завршува на 29.11.2019 (петок).

„Ги повикуваме сите граѓани кои имаат долг да ја искористат последната недела од оваа акција, од 25.11.2019 до 29.11.2019, за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање“, велат оттаму.

Слични содржини