Ролат со рум и ореви

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Состојки:

Тесто:

– 500 гр брашно

– 50 гр путер

– 2 жолчки

– 1 цело јајце

– 1 квасец

– 2,5 дл топло млеко

– 100 гр шеќер

– прстофат сол

Фил:

– 500 гр мелени ореви

– 2 дл млеко

– малку рум

Подготовка:

Квасецот издробете го, додадете малку шеќер, една лажичка брашно и малку млако млеко. Измешајте и се остава да нарасне.

Во соодветен сад просејте го брашното, на средина направете вдлабнатина и ставете ги растопениот путер, жолчката, целото јајце, шеќерот, нараснат квасец и остатокот од млекото. Направете го тестото.

Месете додека не се појават меурчиња на површината.

Тестото развлечете го тенко, па премачкајте го со филот од ореви кој се прави на следниот начин:

Сомелете ги оревите, додадете шеќер и малку рум и сè прелијте со врело млеко. Се вари кратко, се лади и се филува тестото.

Завиткајте го тестото со филот во ролат и оставете го во тепсијата уште малку да нарасне. Пред печење премачкајте со растопен путер.

Печете го ролатот во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути.

Исечете го кога ќе се излади, посипете го со шеќер во прав по желба.

Слични содржини