Ролинг Стоунс оваа недела објавуваат нов албум, прв по 18 години

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Легендарниот рок бенд Ролинг Стоунс по 18 години ќе објави нов албум, прв по смртта на долгогодишниот член, тапанарот Чарли Вотс.

Во среда, Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд ќе гостуваат во шоуто на познатиот американски водител Џими Фалон, каде официјално ќе го промовираат новиот албум „Hackney Diamonds“ и ќе споделат повеќе детали за него, а шоуто ќе биде и достапни на YouTube, пренесува АП.

„Hackney (лондонската населба Хакни) можеби е сржта на Hackney Diamonds, но ова е навистина момент што сакаме да го споделиме со обожавателите ширум светот преку YouTube“, се вели на официјалната веб-страница на бендот.

Промотивната кампања за новиот албум вклучуваше проекција на познатото лого на бендот, имено испакнатиот јазик и усни, на фасадите на познати згради ширум светот, вклучувајќи ги Лондон, Париз и Њујорк.

„Hacnkey Diamonds“ ќе биде првиот албум со нов материјал по „A Bigger Band“ кој беше објавен во 2005 година.

Слични содржини