Ролинг Стоунс по 18 години издаваат нов албум?

од Stefanija Kuzmanovska

Ролинг Стоунс наскоро треба да го издадат својот прв албум со нова музика по 18 години и албумот „Live Kicks“, пишуваат британските медиуми. Тоа би бил и прв албум откако минатата година почина тапанарот на бендот Чарли Вотс.

Неименуван извор изјави дека по трауматична година, членовите на бендот се радуваат на иднината.

Така, Мик Џегер (79), Кит Ричардс (78) и Рони Вуд (75) во последните недели наводно се собирале во студио во Њујорк, каде што им се придружиле тапанарот Стив Џордан и басистот Дерил Џонс.

По смртта на Чарли постоеше неизвесност што да се прави понатаму. Имаа закажани концерти, но не беше јасно што потоа.

Сепак, сега имаа време да размислат за сè и да почувствуваат дека вистинската работа е да го продолжат она што отсекогаш го правеле како бенд, да создадат нова музика и да се надеваме дека ќе ја изведат пред своите фанови.

Слични содржини