Rolls-Royce подготвува летачка машина со вертикално полетување

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Производителот на автомобили Rolls-Royce планира да лансира летечка машина и поконкретно – авион со вертикално полетување и слетување. Партнери на компанијата во проектот EVTOL (Electric Vertical Take Off and Landing) се Airbus и Uber.

При полетувањето и слетувањето, крилото EVTOL се ротира 90°. Во режим на хоризонтален лет, пропелерите на крилото се поместуваат со цел намалување на отпорот и бучавата, а машината се потпира на два пропелери во задниот дел.

Пропелерите се придвижуваат со електромотори, чија енергија се изработува од генератор со моќност 500 kWh, поврзан со гасен турбински мотор M250. При дизајнирање на пропелерите, инженерите се обиделе да го намалат максимално нивото на бучава.

Хибридниот мотор не е толку добар во однос на загадувањето на животната средина како чисто електричниот, но ќе овозможи постоечката инфраструктура да се користи и да обезбеди подолги летови. Максималната километража на EVTOL е 800 km, додека брзината стигнува 400 km / h.

Rolls-Royce верува дека концептот на вертикално полетување може да се реализира во сериско производство во првата половина на следната деценија.