225
Пауло Дибала игра во одлична форма. Светскиот шампион со Аргентина постигна 14 гола и имаше седум асистенции во 28 настапи оваа сезона во дресот на Рома
Договорот на Дибала е до 2025 година и вклучува откупна клаузула од само 12 милиони евра за сите клубови надвор од Италија, што ги заинтересира челниците на Барселона.
Каталонски „Спорт“ сега оди чекор понатаму и тврди дека Аргентинецот веќе е во сериозни преговори со актуелниот шампион на Шпанија. Очигледно самиот играч притиска за трансфер во Барселона.
Рома сака да го задржи бидејќи моментално е нивниот клучен играч, но Дибала е решен да ја напушти Италија на крајот на сезоната и трансферот во Барселона засега е практично завршена работа.