162
Министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреска, ја повика амбасадорката на Австрија во Букурешт, Аделхајд Фоли, за да ѝ врачи протестна нота поради неправеден и непријателски однос на Австрија во однос на приемот на Романија во Шенген.
Од Министерството посочија дека ваквиот гест на Австрија ќе има последици за билатералните односи.
Уложен протест имаше и поради неодамнешните изјави на австрискиот канцелар Карл Нехамер, според кои романските власти поради Шенген вршат притисок врз австриските компании во таа земја.
„Тоа тврдење е неприфатливо, бидејќи не одговара на реалноста“, соопштуваат од министерството за надворешни работи на Романија.