Романија доби дополнителни авиони Ф-16 од Норвешка

од Radmila Tasevska

Од Норвешка во Романија почнаа да пристигнуваат нарачани дополнителни борбени авиони Ф-16, информира денеска порталот Балканска безбедносна мрежа.

Досега пристигнаа три од вкупно 32 авиони што Романија ги купи половни за 388 милиони евра.

Романија веќе има седумнаесет Ф-16 кои пристигнале од Португалија, а со дополнителните авиони бројот на ескадрили ќе се зголеми од една на три.

– Дополнителното купување на авионите уследи по руската инвазија врз Украина, а како дел од плановите за зајакнување на одбраната на воздушниот простор на НАТО и источното крило. Пристигнувањето на авионите од Норвешка се случува само неколку недели по отворањето на меѓународниот Ф-16 центар за обука за летање во истата база во Романија каде ќе се обучуваат домашни и украински пилоти, се вели во текстот.

Набавката на авионите е составен дел од програмата во чии рамки Норвешка испорачува авиони, а логистичка поддршка, опрема и услуги ќе обезбедат САД.

Слични содржини