117
Романија ќе ги печати и надгледува товарите со украинско жито што минуваат низ земјата, со забрана за увоз, соопшти денеска романското Министерство за земјоделство.
Букурешт ќе спроведе и контрола на квалитетот на прехранбените производи на граничните премини, објави Ројтерс.
Романскиот министер за земјоделство Петре Даеа разговараше преку видео врска со неговиот украински колега Микол Солски и побара од него „брзо да идентификува решенија за ограничување на извозот на жита и маслодајни семиња во Романија“.