Романија подготвена да прими 500.000 украински бегалци

од Nikola Popovski
304 прегледи

Романија би можела да прими 500.000 бегалци од соседна Украина доколку се влоши кризата со Русија, изјави министерот за одбрана Василе Данчу.

„Проценките се во тек. „Можеме да примиме повеќе од 500.000 бегалци, тоа е бројката на која сме подготвени“, изјави Данчу за новинарите.

Според него, властите планираат да отворат прифатни центри, особено во големите градови долж заедничката граница, долга околу 650 километри.

„Засега тоа е чисто хипотетичка ситуација“, прецизираше министерот, при што можните бегалци би можеле да изберат да заминат во Полска.

Романските власти, вклучително и претседателот Клаус Јоханис, денеска остро го осудија руското признавање на проруските сепаратистички региони во источна Украина, повикувајќи на „строг одговор од меѓународната заедница“.

Јоханис денеска на Твитер објави дека разговарал со својот полски колега Анджеј Дуда и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за санкциите против Русија.

Слични содржини