Романија купува од САД уште три балистички системи Пaтриот, а првиот се очекува да стане функционален во 2020 година, изјави министерот за одбрана Михај Фифор.

– Романија го купува најмодерниот, успешен и ефективен тактички балистички систем во светот, изјави Мајк Елисен, менаџер во американската компанија „Рејтеон“.
Со купувањето на тие три нови системи, што се додаваат на Договорот од ноември 2017 година, се финализира првата етапа од опремата. Сите системи ќе се вклучат во романските воздухопловни сили од втората половина на 2019 година.
„Првиот систем е планирано да биде оперативен во средината на 2020 година“, напиша министерот Фифор на Фејсбук.
Во 2017 година, Романија потпиша договор со САД за купување седум американски ракетни системи во вредност од 3,9 милијарди долари.