Руско беспилотно летало го наруши воздушниот простор на Романија за време на нападот врз соседна Украина синоќа, соопшти романското Министерство за одбрана, повикувајќи ја Москва да ја запре евентуалната ескалација.
Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил додека Русија напаѓала „цивилни цели и пристанишна инфраструктура“ преку Дунав во Украина.
Следствено на тоа, Романија ги подигнала борбените авиони Ф-16 за да го надгледува воздушниот простор.
-Прелиминарните податоци покажуваат дека може да има „зона на удар“ во ненаселена област во близина на романското село Периправа, соопштило тамошното Министерствот Се додава дека истрагата е во тек.
Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, Романија неколку пати пронашла фрагменти од беспилотни летала кои се урнале на нејзина територија.