294
Романските власти одлучија да забранат влез на бродови под руско знаме во романските пристаништа од 17 април, соопшти прес-службата на Романската поморска управа.
На сите бродови регистрирани под руско знаме им е забранет влез во романските пристаништа, вклучувајќи ги и бродовите кои го замениле руското знаме со знамето на која било друга земја или ја замениле регистрацијата во Русија со регистрација во која било друга земја по 24 февруари 2022 година, пренесе РИА Новости.
Исклучок ќе бидат бродовите на кои им е потребна помош и оние кои мора итно да се закотват во пристаништето од безбедносни причини или за да спасат животи.