Врховниот суд на Романија започна сослушувањето против поранешен директор на комунистички затвор, обвинет за злосторства против човештвото. Случајот против Александру Висинеску беше одложено за 25-ти ноември, за да може обвинетиот да најде бранител.

4454262

Сега 90-годишен Висинеску бил директор на затворот Рамнику Сара во периодот меѓу 1956 и 1963 година Најмалку 14 затвореници загинаа за време на неговиот мандат. Сите затвореници биле чувани во темнина, немале право да зборуваат со никого и биле подложени на тортура преку глад и тепачки. Висинеску изјави дека не жали и не се извинува за своите дела, тврдејќи дека има настапувано по заповеди на неговите претпоставени и ги задржувал законот. На крајот на јули судот во Букурешт го осуди на 20 години затвор за злосторства против човештвото.

Една недела подоцна тој ја обжали пресудата заедно со роднините на двајца поранешни затвореници. “Ние не сакаме зголемување на казната, бидејќи тоа не е важно со оглед на  возраста на Висинеску, но сакаме повеќе јасна правна квалификација на фактите”, објасни најблиската на поранешен затвореник. Над 600 000 луѓе беа фрлени во затвор во Романија од политички причини меѓу 1945 година и 1989 година / АФП

Слични содржини