Романо: Обамејанг во Челси, се е договорено

од Vladimir Zorba

По долги преговори, Челси и Барселона конечно постигнаа договор за условите за трансфер на Пјер-Емерик Обамејанг во лондонскиот тим.

Фабрицио Романо открива дека Англичаните ќе платат 14 милиони евра и на Каталонците ќе им го дадат својот дефанзивец Маркос Алонсо.

Самиот напаѓач ќе потпише на „Стемфорд Бриџ“ на 2+1 година.

Обамејанг се очекува да лета за Лондон подоцна денеска.

Слични содржини