Романски хакер призна дека ја пробил поштата на Клинтон

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Романскиот хакер Марсел Лехел Лазар, познат под псевдонимот Guccifer, изјави во интервју за телевизијата Фокс њуз дека ја пробил електронската пошта на Хилари Клинтон во 2013 година.

хакериХакерот даде интервју од американски затвор, каде што му претстои судење по неговата екстрадиција во САД. Обвиненијата сепак против него не се поврзани во поштата на Клинтон. Според него тој влегол во нејзината пошта во март 2013 година, кога таа веќе била  поднела оставка од функцијата државен секретар на САД за надворешна полтика (т.е. министер за надворешни работи).

Хилари Клинтон беше критикувана дека чувала службени досиеја на приватен сервер во нејзиниот дом. Според критичарите тоа овозможува криење на датотека од државни проверки што е забрането за државните службеници. Покрај тоа пошта на Клинтон би можела да биде погодена и од хакери, во чии раце може да паднат државни тајни, сметаат уште критичарите. ФБИ размислува дали да поднесе обвиненија против Клинтон, која е фаворитки за претседателските избори во ноември. Романскиот хакер тврди дека прво е урнат маилот  на советникот на Клинтон Сиднеј Блументал, а потоа со помош на скенер на IP-адреси  ја земал и пробил   уникатната адреса на серверот на Клинтон . Хакерот им предал на медиумите десетици електронски писма меѓу Клинтн и Блументал. Guccifer исто така изјави дека користел прокси сервери во Русија како најдобро  безбедни за криење  на патеката при евентуално следење. / ТАСС