Романтична вечера со Ежени Бушар – 85.000 долари

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Ако сакавте да одите на романтична вечера со тенисерката Ежени Бушар, ќе требаше да платите повеќе од 85.000 долари.

По повод пандемијата на коронавирус, канадската тенисерка организираше акција во добротворни цели, во која на најголемиот донатор ќе му понуди да помине еден ден со неа.

Акцијата започна од 2.500 евра, а денот со Ежени, во кој спаѓа романтична вечера и еден натпревар во нејзината ложа, беш продаден за неверојатни 85.000 долари.

„85.000?! Вие сте неверојатни. Јас сум многу благодарна што се придруживте на овој проект. Не можам да дочекам да го сретнам победникот“, напиша Бушар.

Слични содржини