Деветнаесетгодишниот Ромео Бекам наводно е најбогатиот од децата на Бекам откако потпиша вносен договор со „Пума“, вреден 1,2 милиони фунти.
Тинејџерот тргна по стапките на својот татко Дејвид и не само што игра фудбал за „Форт Лодердејл ФК“, туку сега влезе и во манекенските води соработувајќи со брендови за спортска облека.
Според странските медиуми, Ромео ќе стане новото заштитно лице на „Пума“, за што ќе добие 1,2 милиони фунти, додека други брендови се заинтересирани за соработка со младиот Бекам.
„Тој сега е најбогатиот од потомците на Бекам и, како и неговиот татко, е на брз пат да стане суперѕвезда“, изјави извор за „The Sun“.
Тој додава дека Ромео е „навистина вреден“ и дека освен што се бори за успех на фудбалските терени, создава име и меѓу огласувачите.
„Како што Дејвид работеше со „Адидас“ повеќе од 20 години, Ромео веројатно ќе го направи истото и со „Пума“. Тој е млад и совршен за нивната целна група, така што и на „Пума“ веројатно ќе и вреди секоја пара“, вели изворот.
Наводно, голем интерес за Ромео покажал и дизајнерскиот бренд „Ив Сан Лорен“ по соработката со нив во текот на летото, а најверојатно ќе се обидат да го придобијат во некоја друга кампања.