Роналдо е сигурен дека ќе се ожени со Џорџина: Дури спомна кога тоа може да се случи

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Кристијано Роналдо е „1.000 отсто“ сигурен дека ќе се ожени со својата девојка Џорџина Родригез, признавајќи дека тоа би можело да се случи за само еден месец. Фудбалерот кој е во врска со шпанската убавица повеќе од пет години, претходно изјави дека „еден ден“ ќе застане на „лудиот камен“. Џорџина инсистира дека ќе каже „да“ кога Кристијано ќе го постави прашањето – „дали ќе се омажи за него?“

А тој ден би можел да дојде наскоро бидејќи, во новиот документарен филм на Џорџина на „Нетфликс“ наречен „Јас сум Џорџина“, фудбалерот навести дека тој и неговата девојка можат многу брзо да одат до олтарот.

– Секогаш и велам на Џорџина дека кога ќе го добиеме тој „клик“, како и сè во нашиот живот, таа знае за што зборувам. Тоа може да биде за една година, може да биде за шест месеци или за еден месец. 1.000 отсто сум сигурен дека тоа ќе се случи – изјави Кристијано Роналдо во документарецот на Џорџина.

Парот очекува близнаци кои треба да ја видат светлината на денот оваа година. Инаку, Кристијано веќе е татко на момчето Кристијано Јуниор (11), чија мајка јавно не се открива, како и на близнаците Ева и Мате (4) кои ги доби преку сурогат мајка и на девојчето Алана, која ја доби со Џорџина, пишува Дејли Меил.