Роналдо гордо го покажа новиот „ѕвер“ за кој платил 470.000 евра

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Веројатно ниту Кристијано Роналдо не знае точно колку престижни автомобили има во својата гаража, но тоа не го спречи да се почести со уште еден. Португалецот гордо го покажа новиот „ѕвер“, ексклузивниот теренец на Ferrari – Purosangue.

Роналдо се фотографираше покрај новиот „трофеј“ за кој плати 470.000 евра. Многумина забележаа дека Роналдо на фотографијата позира во тренерка на „Гучи“ која чини повеќе од 2000 евра. Сепак, тоа остана во сенка на новото Ferrari…

И не, немојте да мислите дека е еден од поскапите тркачки автомобили во неговата колекција, впрочем и ова Ferrari е меѓу поевтините примероци. Најскапата „инвестиција“, Bugatti Centodieci, го чинеше околу осум милиони евра. Значи, дури 16 пати повеќе од ова Ferrari.

А во колекцијата на петкратниот добитник на „Златната топка“ не недостигаат суперавтомобили како Bugatti Chiron, Bugatti Veyron, McLaren Senna, Ferrari Monza, а има и неколку модели на Lamborghini и Rolls Royce.

За време на посетата на Пирс Морган, Роналдо самиот призна дека не знае точно колку автомобили поседува, но не знае ниту кој модел му е омилен.

„Имам 20, можеби 17… Веќе не ни знам. Имам два Бугати, две Ферари, два Мекларен, два Ролс Ројс… Мој омилен е Ролс Ројс. Поудобен е, ми се допаѓа, не ме боли грбот. Тој е совршен“, изјави тогаш Кристијано Роналдо.

Слични содржини