Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез покажаа дека претпочитаат да гледаат напред и да ја остават трагедијата зад себе.
Откако пред неколку дена стана јасно дека изгубиле едно од новородените близнаци, тие не се препуштија на тагата, туку излегоа со целото семејство и на светот ја покажаа својата новородена ќерка. Тие споделија дека тоа им дава сила да продолжат напред.
„Повторно дома. Џорџина и нашето бебе конечно се со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните убави зборови и гестови. Вашата поддршка е многу важна. Целото наше семејство ја почувствува вашата љубов и почит кон нас. Сега е време да бидеме благодарни за новиот живот што го дочекавме на овој свет“, напиша Роналдо на Инстаграм до фотографијата со своето семејство .