Се верува дека Џорџина Родригез има железен договор во „предбрачен стил“ со нејзиното момче Кристијано Роналдо доколку парот се раздели, според извештаите во Шпанија.
29-годишната манекенка е со ѕвездата на Ал-Наср од јуни 2016 година, а заедно имаат две деца, Алана Мартина и Бела Есмералда.
Родригез е мајка и на неговите три други деца: Кристијано Роналдо помладиот и близнаците Ева и Матео, кои се родени преку сурогат.
Двојката беше изземена од саудиските закони кои ги спречуваат невенчаните парови да живеат во Кралството кога Роналдо направи преселба од 175 милиони фунти во Саудиската про лига во јануари оваа година.
Но, и покрај тоа што не се легално во брак, според TV Guia, постои договор меѓу парот доколку се разделат за да се осигура дека Родригез ќе добие финансиска поддршка.
Договорот вели дека ќе и се препише сопственоста на семејниот дом во Мадрид – Ла Финка, а Родригез, исто така, би добила неверојатна месечна „плата“ од 85.900 фунти (100.000 евра) до крајот на нејзиниот живот.
Роналдо беше прогласен за најплатен спортист во светот од страна на „Форбс“ на почетокот на мај, а неговата годишна заработка оваа година се вели дека е над 109 милиони фунти.