Еден од најдобрите играчи на сите времиња, Кристијано Роналдо, ја воодушеви јавноста со честитка за Рамазан Бајрам по вчерашниот тренинг на Ал Наср.
Вчера муслиманите го прославија првиот ден од Бајрам, а честитки пристигнаа од речиси сите спортисти ширум светот. Португалецот беше еден од нив и на симпатичен начин, со насмевка на лицето, ја кажа традиционалната честитка за Бајрам, која се користи на англиски јазик „Еид Мубарак“, што во превод значи „среќна прослава“.
Cristiano Ronaldo wishing Eid Mubarak. ❤️pic.twitter.com/f7GqWQKGlx
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) April 21, 2023
Ал Наср за неколку дена ќе игра против Ал-Вехда во полуфиналето на Купот на Саудиска Арабија, а до крајот на сезоната овој тим очекува да се бори за титулата.
Роналдо и неговиот тим заостануваат само три бода зад лидерот Ал-Итихад.