Роналдо најплатен спортист во 2025 година, заработил двојно повеќе од Меси

Sportico објави листа на 100-те најплатени спортисти во 2025 година, на која се вклучени претставници на осум спортови од 28 земји кои заработиле вкупно 5,2 милијарди евра, а Роналдо е на врвот трета година по ред.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/АС

Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот во годината што е зад нас, објави специјализираната веб-страница за спортски бизнис Sportico.

Sportico објави листа на 100-те најплатени спортисти во 2025 година, на која се вклучени претставници на осум спортови од 28 земји кои заработиле вкупно 5,2 милијарди евра, а Роналдо е на врвот трета година по ред.

Кристијано заработил вкупно 224 милиони евра во 2025 година, што е двојно повеќе од Канело Алварез и Лионел Меси.

Роналдо заработил 172 милиони евра од Ал-Наср и дополнителни 52 милиони од рекламирање.

На второто место е боксерот Канело Алварез со заработка од 117 милиони, а на третото место е големиот ривал на Роналдо, Лионел Меси, со 112 милиони евра.

Најзастапен спорт е кошарката, со дури 40 НБА играчи на листата. Тие се предводени од Леброн Џејмс, кој беше најплатениот кошаркар во 12 од последните 13 сезони, а во годината зад нас заработи 110 милиони евра.