Роналдо се уште не завршил со реновирање на својата вила, соседите се жалат и ја нарекуваат пирамида

од Nikola Popovski
366 прегледи

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо се уште не го завршил реновирањето на својата палата во Лисабон, а тоа многу ги нервира неговите соседи.

Како што пренесува магазинот „Look“, Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез ги налутиле соседите со изведувањето обемна работа на имотот во вредност од 28 милиони фунти (околу 32 милиони евра).

Градежните работи траат повеќе од три години и ќе траат уште најмалку 12 месеци, иако реновирањето требало да заврши на почетокот на летото, стои во текстот на „Look“. Во видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види дека луксузниот имот на Роналд и Џорџина се уште не е подготвен за вселување.

Во видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види дека луксузниот имот на Роналд и Џорџина се уште не е подготвен за вселување.

-Мојата улица е затворена со месеци, а градината ми е полна со прашина. Се поради „пирамидата“ на фараонот Роналдо, рекол еден од соседите.

Тие, исто така, наводно се загрижени дека имотот ќе гледа кон нивните градини, а среде тие прашања се појавија сомнежи дали Роналдо, кој сега игра во Саудиска Арабија, некогаш ќе се всели таму.

Иимотот се наоѓа во околината на Каскаис, а вредноста се проценува на 11 милиони евра. Површината на вилата е 2.720 метри квадратни и се состои од три ката. Се предвидува и изградба на градини и фантастичен базен на површина од 544 метри квадратни.

Слични содржини