Роналдо за синот: Троши 40.000 долари неделно на шишање, облека, ресторани и девојки

од Milan1
170 прегледи

Кристијано Роналдо во неодамнешното интервју за „Will to Act“ изјави дека трошоците на неговиот најстар син Кристијано Роналдо Јуниор се многу високи.

„Троши 40.000 долари неделно на шишање, облека, ресторани и неговите девојки. Знам дека е млад и сака сѐ, но мислам дека тоа е премногу за дете на негова возраст“, ​​изјави Роналдо.

Имено, Кристијано Роналдо Јуниор има 14 години и игра фудбал. Се школува во фудбалските академии на клубовите во кои настапува неговиот татко.

„Сега му давам само 15.000 долари неделно, но Џорџина сепак мисли дека тоа е премногу. Сето тоа го троши на ресторани, излегувања и други работи од кои нема никаква корист“, изјави Роналдо во интервјуто.

Кристијано Роналдо Јуниор. е роден во јуни 2010 година во Сан Диего, Калифорнија, а сè уште не е познато која е неговата мајка. Фудбалерот има вкупно пет деца. Две со неговата свршеница Џорџина Родригез, а другите три ги добил преку сурогат мајки.

Слични содржини