Дејвид Швимер и Џенифер Анистон шокираа многу фанови признавајќи дека за време на снимањето на првата сезона на култната серија „Пријатели“ негувале сериозни симпатии и надвор од сетот.
Комплицираната љубовна врска помеѓу ликовите Рос Гелер и Рејчел Грин не беше само за целите на снимањето на серијата, бидејќи актерите Швимер и Анистон открија дека имало голема симпатија меѓу нив на почетокот на снимањето, но дека тие за првпат се бакнале кога нивните ликови го направиле тоа на екранот од 1995 година.
„Само се сеќавам дека еднаш му реков на Дејвид дека ќе биде глупаво ако навистина се бакнеме за првпат пред националните телевизиски камери. И навистина, се бакнавме за првпат во кафулето“, рече Анистон на средбата на „Пријатели“.
Страствениот бакнеж во кафулето во епизодата од втората сезона го претставува главниот момент на серијата се додека двата лика конечно не завршија заедно во 2004 година.
Швимер и Анистон изјавија дека меѓусебната привлечност траела во текот на првите две години од снимањето на серијата, но тие никогаш не се сретнале како двојка надвор од екранот, бидејќи и двајцата биле во врска со други луѓе.
„Двајцата чувствувавме силна хемија, но бевме како два брода кои постојано минуваат еден покрај друг, бидејќи едниот од нас секогаш беше во врска. Никогаш не ја преминавме таа граница, знаете. Го почитувавме тоа“, рече Швимер.