Роси стана фабрички GT возач на BMW M Motorsport

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Прославениот мотоциклист и деветкратен светски шампион во МотоГП Валентино Роси се повлече од трките на две тркала пред две години.

Сепак, страста за брзината не му дава мир, па минатата сезона Роси, без поголем успех, се натпреваруваше во GT Challenge Europe.

Од следната година повторно добива статус на фабрички возач, а за BMW M Motorsport. Тој повторно ќе ги вози GT Challenge и 12 Hours of Bathurst во „BMW M4 GT3“ и е достапен на фабриката за други серии GT, тестирање и развој.

Роси ќе го дели кокпитот со Максим Мартин и Аугусто Фарфус.