Рот: Иднината на земјите од Западен Балкан е во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
260 прегледи

Иднината на сите „шест“ балкански земји лежи во ЕУ, изјави денеска државниот секретар за Европа, Мајкл Рот и истакна дека Балканската шестка ја има целосната поддршка од Германија и целата Унија во процесот на влез во ЕУ.

„Убеден сум дека сме на вистинскиот пат и Западен Балкан ја има и ќе ја има нашата посебна посветеност“, рече Рот, кој преку платформата зум се приклучи на состанокот ЕУ-ЗБ во ерата по Ангела Меркел, додавајќи дека е многу важна посветеноста на сите членки во процесот на ЕУ и сите институции.

Рот изјави дека е потребно да се забрза процесот на европска интеграција и истакна дека е крајно време да се отворат преговори со Албанија и Северна Македонија.

Тој потсети дека Германија, за да го поддржи процесот, кога не беше на високо место на агендата, го иницираше Берлинскиот процес и додаде дека целта се опипливи чекори што ќе ги почувствуваат граѓаните на Западен Балкан.

Во тој контекст, тој изрази задоволство од укинувањето на роамингот на Западен Балкан од 1 јули и дека придонесот за подобра соработка ќе го даде RYCO – Регионална канцеларија за млади, што е еден од видливите придонеси и „производи“ на Берлинскиот процес и преку училишна размена.

Тој изрази очекување дека наскоро граѓаните од регионот ќе можат да патуваат без лична карта.

Потсети дека Конференцијата за мал Шенген се одржа вчера, на која беше најавена целосна поддршка за регионалниот заеднички пазар на Самитот во Берлинскиот процес, на 5 јули.

Исто така, Рот ја посочи ИПА 3 програмата и другите инвестиции, кои, како што рече, се издвојуваат покрај политичкиот и економскиот акцент на Западен Балкан.

Средбата беше организирана од Форумот за стратешки студии во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт.

Слични содржини