Рот: Сами си пукаме во колено ако оставиме вакуум на Западниот Балкан

од Nikola Popovski

„Ако ЕУ остави вакуум на Западниот Балкан, во него ќе влетаат други сили, кои не ги делат демократските вредности на ЕУ“, вели Михаел Рот, државен министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи.

Тој изрази разочарување што немало напредок во интеграцијата на земјите од Западен Балкан за време на претседателството на Германија со Европската унија во изминатите шест месеци.

„Итно ни се потребни позитивни сигнали за Западниот Балкан. Вака нашиот кредибилитет може да биде доведен во прашање“, рече Рот во разговор со дописникот на германскиот весник „Ханделсблат“ во Брисел.

Рот се надева дека за време на португалското претседателство ќе дојде до напредок. „Мораме да го протуркаме тоа. Бидејќи мирот, регионалното помирување и демократијата на Западниот Балкан се од централно стратешко значење за цела Европа, особено за блиското соседство.“

„Сами си пукаме во колено“, додава Рот. Тој смета дека двоумењето на ЕУ се толкува како слабост во светот во кој авторитарноста добива на сила, а демократијата е под сѐ поголем притисок.

Слични содржини