Латинското име „Raphanus sativus“ на многумина не им значи многу, но малкумина се тие кои не слушнале и пробале ротквици. Се претпоставува дека потекнува од Јужна Азија и дека негов предок е дивиот вид „Raphanus raphanistrum“, од бреговите на Медитеранот.
Ротквицата е едно од ретките растенија што по само 20 до 30 дена од сеидбата дава цврст, вкусен, сочен и крцкав плод, поточно, јадлив корен.
Ротквиците најдобро се јадат сирови, во комбинација со други салати. Доколку се исечат не треба да се чуваат долго бидејќи така се губат витамините и вкусот. Доколку се зачинети треба да се исечат, посолет и да се прелеат со маслиново масло.
Неговиот биохемиски состав е сличен на црна ротквица, но е повкусен и полесно се вари. Енергетската вредност на ротквицата е многу скромна, само 16 калории на 100 грама, од кои 95,27 отсто вода, 3,40 отсто јаглехидрати, додека протеини и масти речиси и да нема.
Ротквицата е одличен извор на витамин Ц, додека другите витамини ги има само во трагови. Содржината на витамин Ц задоволува 31,25 отсто од препорачаните дневни потреби, а неговата значајна улога во метаболизмот, влијание во формирањето на колаген, одржување на здрави непца, апсорпција на железо, севкупно подобрување на имунолошкиот систем…
Ротквиците содржат различни минерали: калциум (25 милиграми), фосфор (20 mg), калиум (233 mg), железо (0,34 mg). Односот на калциум и фосфор е таков што овозможува добра апсорпција на калциумот. Зеленчукот има карактеристична црвена боја поради пигментот антоцијанин, за кој се верува дека благотворно делува на здравјето.
Ротквицата е добра како борец против бактерии и габи во желудникот и цревата, при надуеност, дијареа и запек, бидејќи ја постигнува цревната перисталтика и лачењето на дигестивните сокови. Го намалува нивото на холестерол и маснотии во крвта, ја раствора слузта при настинка и кашлица и е добар за нервниот систем. Општа препорака е за сите кои рекреативно или професионално спортуваат да консумираат ротквици, бидејќи тие благотворно делуваат на целото тело.