
Британскиот актер Роун Аткинсон размислува за нов филм во кој омилениот Мистер Бин ќе има нови предизвици, пишува Контактмјузик. Тој откри дека со неговиот пријател и соработник – режисерот на “Навистина љубов” Ричард Кертис, имаат “многу забавна” идеја, вклучувајќи учество на смешниот лик. Шеесети двогодишниот комичар навести дека е можно да го видиме Мистер Бин во застарена верзија, но сепак е оној кој останал смешен за другите.
Првиот филм од серијалот излезе во 1997 година и освои милиони луѓе низ целиот свет, претворајќи се во вистинска комична класика. Подоцна беа емитувани 13 сериски епизоди во периодот помеѓу 1990 и 1995 година. Потоа видовме и втората филмска адаптација – “Одмор на Мистер Бин” од 2007 година/
Од пред неколку години се врти и анимирана серија со херојот. Последен пат Роун Аткинсон се појави, одиграјќи ја улогата на агентот од британските тајни служби Џони Инглиш.
Актерот учествуваше воскеч на отворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а две години подоцна стана и рекламно лице на “Сникрс”. Иако никогаш не играл и сериозни улоги, Аткинсон остана во нашите срца како Бин и тој тврди дека до последно нема да се откаже од овој лик. Сепак комичарот признава дека чувствува страв дека претходните продукции го подигнале нивото на квалите што треба тој да го претстави и новата екранизација носи огромен ризик.