Розберг: Ландо Норис е иден светски шампион

од Vladimir Zorba

Светскиот шампион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг го пофали британскиот возач на Мекларен – Ландо Норис и објасни дека очекува многу силни перформанси од него во блиска иднина.

Норис вози во Формула 1 од 2019 година, минатата сезона беше на подиумот 4 пати, а најдобар финиш беше второто место во Монца, каде победи неговиот тимски колега Даниел Рикиардо. Оваа сезона Ландо има и еден подиум и е поконстантен и побрзiot возач на Зeк Браун.

„Ландо е иден светски шампион“, објасни Розберг во својата анализа за Големата награда на Франција. – Пилотира на исклучително високо ниво. Ландо е еден од најдобрите пилоти во својата генерација. И има потенцијал да биде најдобар. Норис е подготвен да го освои светскиот шампионат, но ќе мора да почека да го добие од Мекларен она, со кое ќе победува на трките“.

Слични содржини