365
Откако веќе долго време не се зборуваше за љубовниот статус на познатата сплитска пејачка Јелена Розга (43), се шпекулира дека таа е во среќна врска со готвачот Иван Пажанин (36), кој е седум години помлад од неа, пишува „Стори“.
За нивната средба во март во емисијата „Guštan… s Pažaninom“ се пишуваше во неколку наврати, а тогашните гости на епизодата, композиторот Тончи Хуćиќ и музичарот Јошко Чагаj Jоле, коментираа дека Иван и Јелена ќе бидат идеална двојка, и ова беше поткрепено и со изјавата на Тончи дека е време Јелена да се омажи, а Јоле истакна дека Пажанин е подготвен за брак.
Да потсетиме, пејачката ја прекина врската со виолончелистот Стјепан Хаузер во 2017 година по две години врска.