РСЕ: Лајчак и Ескобар на крајот на неделата ќе ги посетат Белград и Приштина

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, заедно со американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, треба да ја посетат прво Приштина, а потоа Белград, на крајот на оваа недела, пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според дипломатски извори во Брисел, на кои се повикува РСЕ, тие ќе бидат во Приштина на 20 јануари.

Според овие извори, целта на посетата е подготовка за следната рунда дијалог на највисоко политичко ниво во Брисел.

Слични содржини