Рубио изјави дека САД утврдиле дека Шпанија, членка на НАТО која САД се обврзани да ја бранат, им го одзела користењето на својот воздушен простор и се фалила со тоа, според транскриптот од изјавата за Ал Џезира, објавен од неговото министерство вчера.
Тој исто така рече дека Вашингтон се соочил со отпор при користење на воените бази во Шпанија и на други места. „НАТО е корисен за САД затоа што овозможува стационирање на трупи и опрема во странство“, изјави Рубио. „Но ако НАТО само ја брани Европа кога е нападната, а потоа ни го одзема правото да ја користиме кога ни е потребна, тоа не е баш добар аранжман. Тешко е да се остане ангажиран и да се каже дека ова е добро за САД. Затоа, сето тоа ќе мора да се преиспита“, додаде Рубио, нагласувајќи дека НАТО „не може да биде едносмерна улица“.
„Се надевам дека ќе можеме да го поправиме тоа. Ќе имаме време подоцна да се позанимаваме со тоа“, додаде тој. Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови поврзани со војната во Иран и претходно им забрани на САД да ги користат базите Рота и Морон во Андалузија за операции.
Објектите долго време беа заеднички управувани од Шпанија и САД. Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати ги критикуваше сојузниците од НАТО за тоа што го смета за недоволна поддршка во конфликтот. Член 5 од НАТО-договорот за меѓусебна одбрана не се применува на војната што САД и Израел ја започнаа против Иран.