9
Руската рубља денеска го достигна најниското ниво од 24 март 2022 година, покажуваат официјалните податоци на руската Централна банка.
Официјалниот курс на руската Централна банка денеска изнесуваше 102,58 рубљи за долар, односно над симболичниот праг од 100, додека еврото се менуваше за 107,43 рубљи.
На падот на вредноста на рубљата влијае вчерашниот напад врз Украина со хиперсонична ракета и новите американски санкции насочени кон „Газпромбанк“, финансискиот огранок на „Газпром“.