Приходите од рударите на биткоин (BTC) достигнаа 827,56 милиони долари во август, што е пад од повеќе од 10,5 отсто во споредба со 927,35 милиони долари во јули, што е пет отсто повеќе отколку во август минатата година, покажуваат податоците на Bitboa. Во септември минатата година вредноста на најтргуваниот виртуелен токен беше само 25.000 долари.
Сепак, резултатот од август претставува пад од 57 отсто во споредба со врвот во март 2024 година. Од нешто под 1,93 милијарди долари – истиот месец кога биткоинот ја достигна својата моментална највисока вредност, од околу 73.500 долари, пишува Cointelegraph.
Тековниот пад на приходите се случува затоа што рударите се под притисок од падот на обемот на трансакциите и зголемувањето на тешкотијата за ископување на BTC, што се забрза по априлското преполовување (халвинг) на биткоинот, ги намали наградите за минирани блокови за 50 проценти, на 3,125 BTC.
Просечните надоместоци што го сочинуваа процентот на блок-награда беа два проценти во текот на август, а 30-дневниот просек на дневни потврдени трансакции достигна годишен врв од 631.648 на 31 јули пред да се врати на 594.871 до 31 август.
Зголемената тешкотија и намалената профитабилност на ископувањето биткоин доведе до тоа некои рудари да ги префрлат своите компјутерски капацитети на вештачка интелигенција.