Руди Фернандез соборува рекорди и ги исполнува ветувањата: Шпанецот на шести Олимписки игри

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Кошаркарите на Шпанија ги победија Бахамите за да се квалификуваат за Олимпијадата во Париз, а Руди Фернандез исполни уште едно ветување што му го даде на својот татко.

„Му ветив на татко ми дека Париз ќе ми бидат последни Олимписки игри“, изјави големиот шпански дефанзивец пред една година пред да почине неговиот татко.

И го исполни својот завет, но учеството на овој турнир ќе бидат рекордни шести Олимписки игри во богатата кариера на капитенот на „црвената фурија“. Се започна во Атина 2004 година, потоа Пекинг 2008, Лондон 2012, Рио Де Жанеиро 2016, Токио 2021 и завршува во Париз 2024.

Кошаркарската легенда со голем стил ќе се збогува од кошарката.

Руди ќе стане првиот кошаркар со шест ОИ, надминувајќи ги Пау Гасол, Хуан Карлос Наваро, Оскар Шмит, Ендрју Газом и Теофило Круз. Досега со Шпанија има освоено три медали на Олимпијадата – две сребра во 2008 и 2012 година и бронза во 2016 година. Има четири европски шампионски титули (2009, 2012, 2015, 2022), две титули на Мундобаскетот (2006, 2019).

Секогаш го даваше максимумот на теренот, со 261 натпревар е рекордер за Шпанија, тоа траеше повеќе од две децении и како што вели селекторот Серхио Скариоло, никогаш не потфрлил.

„Грбот го боли, коленото го боли, има проблеми со вратот и не се плаши. Оди по секоја топка, тоа е неверојатно. Сè боли, а тој влегува на теренот и ја шутира топката како да има 18 години”, изјави Скариоло по златото на Евробаскет 2019 година.

И денес е 2024 година, Руди Фернандез ја заврши клупската кариера во Реал и ќе ја заврши во Париз.

„Знаев дека ќе биде тешко во квалификациите. Сепак, напорната работа се исплатеше, вредеше да се жртвуваме за да одиме на олимпискиот турнир. Ќе дадеме се од себе во Париз”, изјави синоќа Руди.

Кошаркарска легенда и вистински спортски пример за секого.

Слични содржини